Top Sport

ВИДЕО: Луис Хамилтон се расплака по пол позицијата во Унгарија

Луис Хамилтон првпат оваа сезона ја има пол-позицијата на трка во Формула 1. Возачот на Мерцедес беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Унгарија. Тој имаше три илјадити делови подобро време од второпласираниот Макс  Верстапен, кој не успеа да стигне до својата шеста последователна пол-позиција.

Ова е прва пол-позиција за Хамилтон од 2021 година, кога стартуваше прв во Саудиска Арабија на претпоследната трка од сезоната. Толку многу му значеше на Хамилтон што тој заплака.

Scroll to Top