Top Sport

Обложувалниците алармираат: Наместени дуели во Конференциска лига, меѓу спорните и Македонија ЃП

Светските букмејкери наводно обвинуваат за два наместени натпревари од реваншите од воведното коло во УЕФА Конференциската лига, јавува Полската национална телевизија.

Еден од овие два спорни натпревара е мечот на македонскиот претставник Македонија Ѓорче Петров против РФС во Рига. Вториот дуел кој се споменува е Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија.

Според тврдењата на медиумот, обложувалниците реагирале на високите уплати кои стигнале за неколку видови на обложување на мечот РФС – Македонија ЃП. Се споменуваат енормно високи уплати на победа на РФС со два гола разлика, како и многу високи уплати на 3+ голови во второ полувреме и на 5+ голови во текот на сите 90 минути. Мечот во Рига заврши со резултат 4:1 (1:0).

Операторите на обложувалниците се обиделе да се одбранат од високите уплати во последните 10 минути од првиот дел, но некои и не стигнале навреме да се покријат, вели изворот. Во некои обложувалници коефициентот за 2+ голови во прво полувреме бил 30 на обложување во живо на 10 минути пред крајот.

Сомнителни уплати продолжиле и во второто полувреме на 5+ и 7+ голови. Мечот на крајот заврши со резултат 1:6, уште посомнително, со два гола кои гостите ги постигнаа во судиското продолжение на второто полувреме.

Scroll to Top