Top Sport

(Видео) Махачев експресно го нокаутираше Волкановски

Ислам Махачев го нокаутираше Александар Волкановски во првата рунда во Абу Даби. Долгоочекуваниот спектакл на УФЦ 294 заврши многу брзо, бидејќи Дагестанецот кеспресно ја заврши работата.

Австралиецот со македонско потекло имаше шанса да се одмазди за поразот во февруари, но не успеа.

Борбата траеше само неколку секунди, Махачев со удар со нога го собори Волкановски.

Дагестанецот ја забележа 25. победа во 26. борба, додека за Волкановски ова е трет пораз во кариерата во УФЦ.

Така шампионот во лесна категорија вторпат го одбрани појасот против истиот противник..

Scroll to Top