Рафаел Надал (672, на АТП листата) по пауза од 349 денови му се врсти на тенисот на импресивен начин. Шпанецот во дуелот на гренс слем шампиони, во првото коло во Бризбејн го победи Доминик Тим (98.на АТП листата) со 7:5, 6:1.
Во поголемиот дел од мечот гледавме тенис кој не потсети на најдобрите денови на Надал и Тим.
До резултатот 5:5 во првиот сет, дуелот беше изедначен, а откако Надал поведе со 6:5, Тим со неколку лоши одлуки му го подари 12. гем, а со тоа и сето на Надал.
Во вториот сет играта на Австриецот се распадна, Надал со два брејка, лесно дојде до победата.
Со оваа победа Надал стигна до 1.069 триумфи во сингл, на вечната листа го престигна Иван Лендл. Пред него се Новак Ѓоковиќ (1.088), Роџер Федерер (1.251) и Џими Конорс (1.274).
Rafa Nadal walks on court to play his 1st singles match in 349 days against Thiem.
Missed the walk.
Missed the humility.
Missed the vamos.
He’s met with a packed, roaring crowd.
This is how you greet a legend. 🥹
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 2, 2024