Од 1999 година, во светот на боксот немало борба за апсолутен шампион во тешка категорија. Последен кој во своја сопственост ги имаше сите титули е Ленокс Луис.
На 17 февруари во Ријад е закажан боксерски спектакл во кој во главната борба ќе се сретнат Тајсон Фјури и Александар Усик. Британецот го носи својот ВБЦ појас, а Украинецот шампионските појаси во верзиите на ВБА, ИБФ и ВБО.
Двајцата борци веќе сериозно започнаа со промотивните активности за овој спектакл кој се рекламира под слоганот „Огнен прстен“.
Саудиските власти последниве години инвестираат огромни суми пари во маркетинг и одржување на спортски настани, а се чини дека промотивниот филм за мечот меѓу Фјури и Усик надмина сè досега.
Видеото на социјалните мрежи го сподели Турки Алалших, советник на саудискиот принц и директор на „Генералната управа за забава“, тело кое се занимава со промоција на спортот во Саудиска Арабија.
Покрај Фјури и Усик, во овој филм глуми и британскиот актер Пол Андерсон.
The long-awaited undisputed heavyweight battle #RingOfFire between Tyson Fury and Oleksandr Usyk is set to unfold 🔥 Let's get ready to RUUUUUMBLLEEEEEEE 🥊
النزال التاريخي المنتظر لبطولة الوزن الثقيل #RingOfFire بين تايسون فيوري وأوليكساندر اوزيك 🔥
نشوفكم جميعًا في المملكة… pic.twitter.com/FHkYT6tCHr— TURKI ALALSHIKH (@Turki_alalshikh) January 31, 2024