Top Sport

(Видео) Навистина тешка категорија – јутјубери во сабота ќе влезат во рингот

Американските јутјубери, Џорди Мекрејти Џордан (попознат како WingsOfRedemption) и Стивен Џеј Вилијамс (попознат како Boogie2988) заедно тежеа 360 килограми пред нивниот саботен боксерски меч како пред-меч на дуелот помеѓу уште еден јутјубер, далеку попопуларниот KSI против Џо Фурние.

Џордан стана познат по играњето на играта „Call of Duty“, додека Вилијамс е познат како гејмер и комичар. Двајцата ќе се судрат во меч од само три рунди, од кои секоја ќе трае една и пол минута.

Џордан на официјалното мерење достигна 183 килограми, додека Вилијамс е послаб со 177 килограми.

Scroll to Top