Непознат маж, според италијанските медиуми, станува збор за 67-годишник, кој со помош на жена се обидел на радикален начин да предизвика прекин на трката Џиро д’Италија.
Велосипедистите возеа од Губи до Сиена во петокот, тоа беше деветтата етапа, но неколку дена претходно, во шестата, споменатиот инцидент се случи на рутата од Потенца до Неапол.
Тука се укажала можноста постариот човек да го спроведе својот луд план, за среќа, и за чудо, сите поминаа без последици.
Целата ситуација беше многу драматична.
Имено, во моментот кога „натрапникот“ со поддршка од жена се обидел да развлече јаже со кое очигледно имал намера да ги собори велосипедистите, покрај него минувале Енцо Палени (Групама-ФДЈ) и Тако ван дер Хорн (Интермах-Ванти), кои за среќа го избегнале најлошото.
Влечењето јаже не беше синхронизирано и нападот не успеа. Сепак, тоа не беше крајот на „перформансот“ на напаѓачот, тој остана на улицата, во меѓувреме извади палестински шал, и како камиказа почна да ја преминува улицата во моментот кога поминуваше пелотонот велосипедисти.
Овој навистина опасен чин беше форма на протест против учеството на израелската компанија „Премиер Тек“ во трката.