Американката Симон Бајлс уште еднаш ја покажа својата доминација во гимнастиката.
Таа го изведе својот легендарен потег, попознат како „Бајлс II“. Тоа е најтешкиот скок според женските правила, а нејзинот доскок беше најдобар на Игрите во Париз.
Таа беше наградена со 15,7 поени. Одличен беше и вториот скок, таа го изведе познатиот „Ченг“ со едно и пол вртење во воздухот. Таа лесно ја задржа првата позиција и го освои златото, трето по ред.
Втора беше Бразилката Ребека Андраде, а третото место го освои Американката Џејд Кери.
The absolute GOAT of all GOATS 🐐
15.7 #SimoneBiles #Olympics pic.twitter.com/2LFeoxCHPV— Jen 👄👂 (@JenBennX) August 3, 2024