Top Sport

(Видео) Переира го нокаутираше Прохаска и го освои појасот во полутешка категорија

Претходната вечер се одржа спектаклот УФЦ 295 во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк каде добивме двајца нови шампиони.

Во главната борба на вечерта, Алекс Переира во втората рунда го победи Јиржи Прохаска со технички нокаут и го освои појасот во полутешка категорија до 93 килограми.

Переира го чекаше моментот за контранапад и сериозно го удри чешкиот борец со две крошеа.

Прохаска падна, Переира му зададе упте неколку удари во задниот дел на главата, па судијата Марк Годрард ја прекина борбата.

Прохаска сега има 29-4-1, додека Переира има 9-2 во професионалните ММА борби.

Следна мета му е Израел Адесанја на кого по мечот му испрати јасна порака:

„Дојдо кај тато“, рече Переира во рингот.

Scroll to Top