Top Sport

(Видео) Погачар трет пат во кариерата победи на Тур д’Франс

Тадеј Погачар по трет пат во кариерата победи на најпрестижната велосипедска трка во светот Тур д’Франс.

Велосипедист на тимот на ОАЕ Емирати беше најдобар и на последната, 21. етапа, поточно на хронометарот од Монако до Ница.

Тоа беше негова шеста етапна победа оваа сезона, трета по ред и 17-та во кариерата.

Погачар брилијантно возеше на трката на хронометар, забележа време од 45,24:99 минути, пред неговите најголеми конкуренти во генералниот поредок, Јонас Вингегор и Ремко Евенпул. На крајот само ја зголеми разликата во вкупниот пласман.

Погачар по 2020 и 2021 година успеа да триумфира на Тур д’Франс и оваа година, со што ја прекина серијата од две победи на Вингегор.

Словенецот издоминира во Франција и во сезоната, бидејќи 19 дена ја носеше жолтата маичка, а победи и на втората голема Гранд Тур трка сезонава, Џиро д’Италија.

Тур д’Франс 2024 година.

Победник (жолта маица): Тадеј Погачар

Зелена маица (најдобар во поени): Биниам Гирмај

Точкеста маица (ритски етапи): Ричард Карапас

Бела маица (најдобар млад натпреварувач): Ремко Евенпул

Тимски победник: ОАЕ Емирати

Scroll to Top