Top Sport

(Видео) Снимка од Ѓоковиќ од Австралија покажува во каква состојба е тенисерот по повредата

Како што кажа и самиот Новак Ѓоковиќ, има проблем, но тоа не е нешто со што не се носел во текот на кариерата. Ниту Новак, ниту Горан Иванишевиќ немаа дилеми дека се ќе биде во ред, а и да не беше, Ѓоковиќ самоуверено изјави „Повреден ги освоив последните два Австралија Опен“.

Токму претходната година, Миљан Амановиќ, физиотерапевтот на Новак, повеќепати го „извлекуваше“ тој зглоб и го масираше среде Грен слем турнирот. Амановиќ одлета за Мелбурн и ќе биде со тимот на овој Грен слем, објавија српските медиуми.

Новак во текот на кариерата често играше со бројни ситни повреди кои не сакаше да ги истакне пред се од почит кон својот ривал. Овој пат беше очигледно колку тоа му прави проблеми, но неколку дополнителни денови одмор очигледно сè решија.

Ѓоковиќ првиот тренинг го одработи во Мелбурн, во познатата „Род Лејвер Арена“.

Тој беше целосно посветен на тренинзите и се чинеше дека немаше никакви болки. Му помогнаа дополнителни неколку дена одмор, а од голема помош ќе биде и екстремно топлото време во Австралија.

Тоа значи дека Ѓоковиќ е подготвен да атакува на својата нова 11. титула на Австралија опен и 25. Грен слем титула од 14 до 28 јануари.

Scroll to Top