Top Sport

(Видео) Спектакл во Мексико! Канело ја одбрани круната пред 50.000 фанови

Домашната боксерска легенда, Саул „Канело“ Алварез на поени го совлада Британецот Џон Рајдер пред 50.000 гласни мексикански фанови во Гвадалахара за да ја одбрани титулата во супер-средна категорија во историски меч.

Во својот 63. меч како професионалец, 32-годишниот Алварез доминираше во мечот, праќајќи го британскиот ривал во нокдаун во петтата рунда, но противникот остана на нозе до крајот на мечот, за на крајот да се реши победникот на пони со 118:109, 118:109 и 120:107. За шампионот во четири тежински категории ова е 59. победа, а во кариерата има и два порази и два нерешени меча.

Ова беше прв меч за Алварез по осум месеци по операцијата на раката и го покажа неговиот статус на суперѕвезда во Мексико, и доаѓа по поразот од Дмитриј Бивол и неубедливата победа над Генадиј Головкин во 2022.

Scroll to Top