Top Sport

(Видео) Стрикленд му ја одзеде УФЦ круната на Адесања

Во едно од најголемите изненадувања во историјата на УФЦ, Шон Стрикленд ја освои титулата во средна категорија победувајќи го во пет рунди Исраел Адесања на УФЦ 239 во Сиднеј, Австралија. Стрикленд беше убедливо најголемиот аутсајдер според обложувалниците, а начинот на кој го победи, со убедлива предност во петте рунди за 49:46, 49:46, 49:46, ја први победата и неверојатна.

„Мислам дека сонувам. Не очекував да имам ваков момент. Изи е опасен противник, сите ги знаат неговите нокаути. Па, тој ги победи повеќето мои пријатели. Не верував дека ова е можно“, изјави Стрикленд по победата.

Статистиката вели дека Стрикленд имаше 137 удари во однос на 94 на Адесања, а тој го прати Адесања на подот уште во првата рунда, првпат во кариерата на Адесања.

Scroll to Top