Top Sport

(Видео) Светски рекорд на Домен Превц

Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпревар во ски скокови на скокалницата Планица.

Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри.

Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи. Словенците го прославија рекордниот скок на Превц и победата на Анже Ланишек.

Третото место му припадна на Германецот Андреас Велингер.

По првата серија веќе беше јасно дека ќе биде ново словенечко славје откако Ланишек поведе пред Превац, а потоа словенечките ски скокачи приредија борба која тешко ќе се повтори.

Домен Превц слета на 254,5 метри и го собори светскиот рекорд на Стефан Крафт, а Ланишек одлично одговори на тој предизвик. Тој полета од најниската тчка на леталницата и слета на 241,5 метри. За неговиот одличен стил на летање, тој доби три 20-ки и го победи Превац со 7,1 поен. Тоа беше втора победа за Ланишек сезонава.

Scroll to Top