Австрискиот тенисер Доминик Тим со пораз во првото коло на турнирот во Виена ја заврши кариерата.
Тим одамна објави дека 2024 година ќе биде негова последна година на турнејата, а сега на се му дојде крајот.
Тој беше поразен во првото коло на турнирот во својот град Виена од Италијанецот Лучано Дардери со 2:-0 во сетови, 7:6, 6:2.
31-годишниот Австриец изгледаше многу добро на почетокот на меч, водеше со 4:2, но не успеа да го одбрани својот сервис, а потоа во имаше предност во тај-брејкот, 5:2.
Сепак, Дардери од тој момент ја презеде контрола и доминираше до крајот на мечот.
Dominic Thiem gets one last roar from the crowd in Vienna as he says goodbye to tennis.
This man’s tennis inspired so many people.
He made them smile.
He made them believe.
Take a bow, Domi. 🥹
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 22, 2024
Тим заминува во пензија со 17 титули, третото место како најдобар пласман на АТП листата, победи над сите членови на „големата тројка“. Најголемата титула ја освои во 2020 година кога победи на последниот Грен слем во сезоната, Ју-ес опен.
Покрај Њујорк, тој одигра уште три Грен слем финалиња, во 2018 и 2019 година на Ролан Гарос и во 2020 година на Австралија опен, а два пати играше и во финалето на завршниот Мастерс во сезоната.
The whole tennis world applauds you Domi, for everything you have given us all ♥️
Take a bow, #DankeDomi 👏 pic.twitter.com/YDWMeDJGvg
— ATP Tour (@atptour) October 22, 2024