Top Sport

(Видео) УФЦ: Стерлинг го победи Кехудо, па сакаше да се тепа со О’Мели

Алџаман Стерлинг ја одбрани својата титула во бантам категорија, победувајќи го повратникот во кафезот, Хенри Кехудо на поени (47:48, 48:47, 48:47) во главниот меч на УФЦ 288 во Њуарк.

Мечот беше екстремно тесен и неизвесен – Стерлинг ја елиминираше предноста на Кехудо во борењето (Кехудо е поранешен олимписки шампион), така што во поголемиот деле од мечот двајцата беа на нозе. Кехудо доби исеченица под десното око, која му пречеше во текот на мечот. Стерлинг сега има 9 победи во ниа, и три одбрани на шампионскиот појас.

По мечот, УФЦ решија да го донесат во кафезот следниот предизвикувач на Стерлинг, популарниот Шон О’Мели, по што настана вербална конфронтација, а и мораше да ги разделувааат за да не почне мечот предвреме. Се очекува двајцата да се сретнат за вистинска пресметка веќе во септември.

Scroll to Top