Американскиот ММА борец Дилон Денис е доживотно суспендиран од УФЦ организацијата.
Култната американска арена, „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк беше домаќин на последниот настан на УФЦ каде што Ислам Махачев стана шампион во велтер категорија и влезе во историјата.
Пред борбата се случи скандалозен инцидент кој го засени целиот настан.
Во главната улога беше Дилон Денис, најпрвин влезе во жестока расправија со тимот на Ислам Махачев, а потоа инцидентото ескалираше во физичка пресметка.
Повеќе членови на тимот на Махачев, вклучувајќи борци на УФЦ како Магомед Зајнуков, беа видени како го удираат Денис надвор од октагонот.
Во еден момент, Зајнуков го удри Денис со тупаници во главата додека Денис се обидувал да го смири конфликтот до него.
BRAWL BETWEEN DILLON DANIS AND ISLAM'S TEAMMATES 😳
Danis was escorted out of UFC 323 after an altercation with some of Islam Makhachev’s teammates, including Chanco “John Pork” Zaynukov.
(Via @MikeBohn) pic.twitter.com/CIqOUrPVEB
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 16, 2025
Ден по инцидентот, со официјалното соопштение се огласи УФЦ. Организацијата објави дека му е изречена доживотна суспензија на Дилон Денис.
„Никогаш повеќе нема да го видите Дилон Данис на настан на УФЦ. Се обвинувам себеси. Ми кажаа дека Данис е таму, седи на местата на борците, а не таму каде што му е местото. Ме прашаа: „Дали сакате да го избркате?“ Јас реков: „Има билет? Тогаш нека седне. Дури ми кажаа дека Масвидал рекол дека ќе го претепа штом ќе го види. Но, јас сепак реков да остане, само да внимаваат на него“, рече првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.
Да ве потсетиме, ова не е прв пат Дилон Денис да биде дел од голем инцидент.
Тој, заедно со неговиот поранешен пријател и спаринг партнер Конор Мекгрегор, учествуваа во огромен инцидент и тепачка со тимот на Хабиб Нурмагомедов, вклучувајќи го и самиот Хабиб.
Со оглед на тоа што Хабиб е дел од тимот на Ислам, јасно е како е поврзан овој инцидент и реакцијата на Дана Вајт е сосема очекувана.
