Top Sport

Вигинс и Тимот Скај ја „минале етичката граница“

Тимот Скај и Бредли Вигинс ја „минале етичката граница“ со користењето на дозволените лекови, според антидопинг правилата, за да го подобрат неговиот учинок, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за дигитализација, медиуми и спорт (ДЦСМ).

Од Комитетот истакнале дека не се во позиција да тврдат што точно имало во пакетот кој на Вигинс му бил доставен во 2011 година за време на трката, но наведуваат дека нема докази за тврдењата на Тимот Скај дека во пакетот биле дозволени количини на деконгестив.

ЗИсто така во извештајт стои дека бил користен лекот триамцинолон во текот на подготовките за Тур Д’Франс во 2012 година, трка на која Вигинс победи.

Истрагата која во ноември ја заврши Антидопинг агенцијата на Велика Британија не утврдила дека Вигинс користел деконгестив или триамцинолон, кој е забранет според правилникот.

Доколку Британецот на последниот ден од трката во 2011 година примил триамцинолон тогаш предвидената казна е бишење на сите резултати и двегодишна суспензија.

„Тимот Скај користел лекови спротивно од она што е порпишано со правилата на Светската антидопинг агенција, со цел да ги подобри резултатите на своите возачи, а не само од здравствени причини“, се наведува во извештајот.

Тимот Скај веднаш ги отфрли овие обвинувања.

„Тажно е што тлку лесно можат да се конструираат обвинувања и луѓето да бидат обвинети за нешто што не го направиле. Ги негирам ваквите тврдења. Сите лекови ги користевме поради здравствени причини“, рекол Вигинс.

На Вигинс му било дозволено да користи кортикостероиди кои лечат алергија` и прблеми со респираторниот систем.

Scroll to Top