Холивудскиот актер Вил Смит по „Али“ е подготвен да биде во уште еден спортски филм, откако „Дедлајн“ објави дека тој ќе ја добие улогата на Ричард Вилијамс, таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во новиот филм кој ќе се снима под наслов „Кралот Ричард“.
Смит ќе треба да ја преземе главната улога во приказната на тоа како Ричард Вилијамс ги одгледа своите две ќерки од опасното предградие Комптон во врвни спортистки.
На дел од јавноста во САД им пречи оваа улога и критичарите велат дека улогата мора да ја има некој со потемна боја на кожата, како Идрис Елба или Махершала Али.