Поранешниот шведски тенисер, Матс Виландер, во колумна за „Лекип“, во суперлативи пишува за Новак Ѓоковиќ, по неговата победа на Ју-Ес Опен.
Швеѓанецот, кој во минатото редовно го критикуваше Ѓоковиќ, го споредил српскиот тенисер до великаните на ссетскиот спорт Мохамед Али и Мајкл Џордан.
„Тој е на исто рамниште со Мајкл Џордан и Мохамед Али, тука можеме да го додадеме и Јусеин Болт. Новак е најдобриот спортист што тенисот го имал, нај блескав од сите шампиони“, пишува Виландер.
„Веројатно е подобар од Федерер и Надал. Никој ништо не му може. Неверојатно е како една комплексна игра успева да ја донесе на ниво на ефтини трикови. Кај него не постојат слабости. Тој е човек-ѕид. Поради тоа е најдобриот во на сите времиња во тенисот и во спортот“.
За потсетување, Ѓоковиќ во Њујорк ја освој 14.гренд-слем титула во кариерата и на вечната листа се израмни со Пит Сампрас. Тој оваа сезонава ги освои Вилблдон и Ју-Ес Опен, а со титулата во Синсинати успеа да го комплетира „златниот мастерс“.