Top Sport

Виландер: Ѓоковиќ може да освои 25 грен-слем титули

Поранешниот светски рекет број 1 Матс Виландер смета дека Новак Ѓоковиќ до крајот на кариерата може да освои 25 грен-слем титули.

Ѓоковиќ неодамна го одбрани тронот во Мелбурн со што дојде до својата 17 грен-слем титула. На врвот Роџер Федерер има 20, а Рафа Надал 17 грен-слем трофеи.

„Би бил изненаден доколку Новак Ѓоковиќ не освои уште две грен-слем титули оваа сезона. Кога ќе размислам не гледам кој може да го спречи да освои уште четири грен-слем трофеи до крајот на кариерата. Мислам дека ќе има 25 грен-слем титули кога ќе замине во пензија“, рекол Виландер.

Швеѓанецот рекол дека прогнозата ја темели врз анализата на играта на српскиот тенисер.

„Новак има неверојатна способност да игра најдобро кога тоа е најпотребно. Покрај тоа тој знае да го победи својот противник и кога не го игра најдобриот тенис. Тој никогаш не влегуа во паника, дури ниту кога е уморен или фрустриран. Неверојатно е како игра без оглед на тоа кој му е противник“, заклучил Виландер.

Scroll to Top