Поранешниот шведски тенисер Матс Виландер не е оптимист кога се работи за остатокот од кариерата на Рафаел Надал. Поради проблемите со стапалото, Шпанецот предвреме ја заврши сезоната.
„Мислам дека сите пополека се навикнуваме дека Рафа не игра. Се обидува, секогаш се подготвува, но не се случува да го гледаме. Отиде во Вашингтон за да одигра неколку гемови, се обиде и во Канада – не одеше. Очигледно се трудим но не успева да заигра“ вели Виландер.
Тој вели дека е прилично загрижен за кариерата на освојувачот на 20 грен слем титули.
„Секоја година мислам дека игра се помалку и помалку. Старее и телото се мачи. Мора да тренира жестоко за повторно да игра. Многу сум тажен и загрижен, но сепак мислам дека ќе се врати и ќе игра се додека еднаш не рече дека веќе не може“ додава Швеѓанецот.
Тој смета дека барем засега крајот не е дојден.
„Не мислам дека ова е крајот, даалеку е од тоа. Можеби да е крај со освојувањето на турнири и грен слемови, но сите добро ја знаеме љубовната приказна меѓу Рафа и Ролан Гарос. Никогаш не можете да кажете дека на таа `врска` и дошол крајот се додека тој не го закачи рекетот. Можеби е дојден крајот на ерата на победување, но ерата на полнење на трибините, појавување пред навивачите и играње за нив ќе трае уште неколку години“ уверен е екс-тенисерот.