Top Sport

Вилијамс го „шутна“ Селби во првото коло на Мастерсот (видео)

Марк Вилијамс комплетираше неверојатен кам-бек за да го победи светскиот шампион Марк Селби со 6:5 во првото коло на Мастерсот, освојувајќи ги последните три фрејма во епска битка во „Александра палас“.

Во реприза од минатогодишниот дуел, но со обратен резултат, трикратниот шампион од Мастерсот, Селби загуби од победникот од Лондон од 1998 и 2003, Вилијамс, кој губеше со 5:3. Селби ја утна последната црвена топка во 11-тиот фрејм со кој ќе ја обезбедеше победата во драматичниот дуел.

Вилијамс остана смирен за да ги воодушеви 2.000 фанови на најголемиот „инвитејншнл“ евент и обезбеди дуел со Бери Хокинс или Кајрен Вилсон во четврт-финалето во петок. Велшанецот неодамна триумфираше на Северна Ирска опен во Белфаст да покаже дека е во одлична форма, додека за светскиот број 1 Селби  ова е уште еден разочарувачки турнир.

Scroll to Top