Top Sport

Лукајиќ: МЗТ беа инспирирани од македонската победа

Откако МЗТ Скопје ја прекина лошата серија со импресивна победа над Цибона во Загреб, новиот тренер на македонскиот шампион, Жељко Лукајиќ призна дека триумфот на македонските ракометари над Словенија во првиот меч на ЕП бил совршена мотивација.

„Синоќа бев на натпреварот на Македонија и Словенија, тоа беше прекрасен меч со сјајна организација. Македонските ракометари се страшен пример за сите, како треба да се игра и како треба да се гине на теренот. Тоа им го реков и на моите кошаркари на состанокот, па можеби и тоа е причината за овој триумф. Како и да е, нивната победа и начинот на кој одиграа делуваа мотивирачки за сите нас“, изјави Лукајиќ.

МЗТ со голема победа над Цибона! (видео)

Scroll to Top