Top Sport

Вимблдон експресно заврши и за петтиот носител, Доминик Тим

Американскиот тенисер Сем Квери, кој е 65-ти на АТП листата се погрижи денеска, на вториот ден на тенискиот турнир Вимблдон, да продолжи трендот на елиминација на фаворитите. Тој за 150 минути игра го елиминираше петтиот носител на турнирот, Австриецот Доминик Тим со 3-1 во сетови (6-7 7-6 6-3 6-0).

Квери, кој беше финалист на Вимблдон во 2017 година го совлада тенисерот кој пред еден месец играше финале на Ролан Гарос.

Амриканецот во второто коло за противник ќе го има подобриот од дуелот Рубљев – Гарин.

Scroll to Top