Top Sport

Кирјос лудуваше на Вимблдон, па го победи сонародникот Томпсон (видео)

Мечот кој во дневната програма на вториот ден од тенисекиот турнир Вимблдон предизвика најголемо внимание е оној меѓу контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос и неговиот сонародник, Џордан Томпсон.

Двајцата тенисери им приредија на гледачите претстава за уживање, пред се поради лудостите на Кирјос на тревникот.


Гледачите најпрво беа воодушевине од мустаците на Томпсон, што доведе до многу реакции на друштвените мрежи.


Потоа започна лудувањето на Кирјос на теренот, во негов стил, кое понекогаш ги засмејува посетителите, а но понекогаш и ги нервира.


Сепак, кога мечот стигна до петтиот, одлучувачки сет, Кирјос заигра поангажирано и стигна до воведен триумф на турнирот.

Голема е веројатноста дека противник на Австралиецот во второто коло ќе му биде Шпанецот Рафаел Надал кој попладнево е голем фаворит во мечот од првото коло против Јапонецот Сугита.

Scroll to Top