Top Sport

Вимблдон го одби барањето на Ѓоковиќ и Мареј

Барањето на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, натпреварите на Централниот терен и теренот број 1 во Вимблдон да започнуваа порани е одбиено од страна на организаторот.

Мечевите на двата најголеми терени на Вимблдон почнуваат нешто подоцна, пред се поради ТВ правата, а програмата на тие терени трае до 23 часот.

Предлогот на Ѓоковиќ и Мареј беше натпреварите да започнат најдоцна до 13 часот, а не како што е вообичаената пракса во 14:30 часот.

Според „Дејли мејл“, поради милионските договори со медиумските компании и бројните клиенти, Вимблдон нема да отстапи од традицијата.

Освен распоредот, нема да има укинување на полицискиот час, па тенис ќе се игра само до 23 часот.

Scroll to Top