Најпознатиот тениски турнир, Вимблдон шампионатот може да биде одложен или откажан поради корона вирусот, објави организаторото на турнирот Ол Ингланд тенискиот клуб (АЕЛТЦ).
Турнирот кој е закажан за од 29 јуни до 12 јули дефинтивно нема да се игра без публика, и постои можност да се презакаже гренд слемот до крајот на годината, иако и тоа не е сигурно, се вели во соопштението на АЕЛТЦ.
„Непредвидливиот предизвик поради Ковид-19 кризата продолжува да влијае на нашиот начин на живот на начин каков што не сме можеле да замислиме и првата мисла е кон погодените од кризата во Велика Британија и во светот. Најважно е јавното здравје и ние ќе реагираме одговорно во одлуките. Работиме на плановите за 2020 и следната недела на бордот на турнирот ќе се донесе одлука“, вели директорот на турнирот, Ричард Луис.
Ролан Гарос, вториот гренд слем во 2020 веќе е презакажан за септември, по крајот на САД опен во Њујорк, додека АТП и ВТА турнеите се откажани барем до 7 јуни.