Top Sport

Вимблдон за Серена заврши во солзи по незгодната повреда

Американската тениска легенда, Серена Вилијамс имаше неславно враќање на Вимблдон, откако мораше да се повлече од првото коло во солзи по незгодна повреда на влажните терени во Лондон.

39-годишната освојувачка на 23 гренд слем титули, водеше со 3:1 во мечот од првото коло против Белорусинката Алиаксандра Саснович, кога се излизга и го повреди левиот скочен зглоб. По медицинската пауза, таа се врати на теренот, но се повлече при 3:3, заминувајќи од „Централниот терен“ во солзи.

Ова е првпат во неверојатни 20 настапи на Вимблдон, Вилијамс да е елиминирана уште во првото коло.

Scroll to Top