Ема Радучану, 18-годишната британска тениска сензација го заврши настапот од соништата на Вимблдон со повреда, откако мораше да се повлече при 6:4/3:0 водство на Австралијката Ајла Томљановиќ во осминафиналето на „Ол Ингланд клубот“.
Радучану, чија животна приказна е многу интересна – татко и е Романец, мајка и Кинеска, а таа е родена во Канада (а настапува за Велика Британија), се бореше храбро во првиот сет против повисокорангираната тенисерка, но по долгата медицинска пауза во вториот сет реши дека не може да продолжи.
За Томљановиќ, пак, сега следува четврт-финалето против светската тенисерка број 1, нејзината австралиска сонародничка Ешли Барти, која првпат во кариерата влезе меѓу осумте најдобри на Вимблдон.