Top Sport

„Виси на конец“ продолжението на тениската сезона

Првите луѓе на Светската тениска асоцијација имаат намера комплетно да ја прекинат сезоната поради пандемијата на коронавирусот. Иако првично најавите беа дека на 14 август тенисот се враќа, сепак лесно може да се случи претстојните закажани турнири да бидат откажани или во најмала рака одложени за понатаму.

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ моментно е на подготовки во Марбеља. Иако тој се уште категорично не се произјасни дли ќе патува во САД на продолжението од сезоната, сепак од таму доаѓаат непријатни вести.

Ситуацијата во САД не се поправа кога се работи за Кови 19 вирусот, па лесно може да се случи САД опен да биде откажан. Доброупатени извори велат дека наредниве денови ќе се „пресече“.

Најголемиот проблем што е испречен во моментов е што и понатаму се забранети патувањата меѓу САД и Европа, а не се очекува драстична промена ниту во неделите што следуваат.

Доколку се откажат турнирите на американско тло, тоа може да значи и откажување на останатите натпреварувања.
Упатените велат дека постои шанса сезоната да започне со Мастерсот во Синсинати.

Scroll to Top