Top Sport

Го викаат да ги спаси, а го избркаа кога ги внесе во Премиерлига

Најџел Пирсон доби отказ во премиерлигашот Вотфорд на две кола до крајот на сезоната кога на клубот му „гори под нозе“ поради опасноста од испаѓање во понизок ранг.

Сега, клубот размислува за враќање на клупата на српскиот стручњак Славиша Јокановиќ, пишуваат медиумите.

Иако Јокановиќ е под договор со катарски Ал Гарафа, повик од Премиерлига сигурно привлекува.

Сепак може да има проблем во целата ситуација.

Јокановиќ во сезоната 2014/2015 успеа да го внесе Вотфорд во Премиерлигата, а контроверзните сопственици од Италија го сменија штом побара подобар договор од оној кој го имаше додека го водеше тимот во Чемпионшип.

Познато е дека овој тим често ги менува менаџерите, па останува отворено прашањето дали Србинот повторно би се вратил во клубот.

Scroll to Top