Top Sport

Вискито на Мекгрегор ќе мора да го смени името!

Планот на УФЦ мега-ѕвездата Конор Мекгрегор да го освои ирскиот пазар на виски со неговиот бренд „Ноториус“ наиде на голема пречка откако не успеа да го брендира името, кое припаѓа на мала компанија од Карлоу, која го има трејдмаркот од 2016 година.

Симус О’Хара, сопственикот на „Карлоу бруинг“ вели дека двата бренда „не можат да постојат во исто време“ и дека тоа е забрането со ирските закони. Одделот за интелектуална сопственост на Европската Унија во Шпанија му нареди на Мекгрегор да плати 620 евра како казна.

30-годишниот Мекгрегор, кој се подготвува за дуелот со Хабиб Нурмагомедов, минатиот месец објави фотографија на Инстаграм како работи на своето виски, нарекувајќи го „течно злато“. Сега, само мора да му најде ново име.

Scroll to Top