Италијанецот Елија Вивијани (Десеунинк-Квик Степ) го остави „кошмарот“ од Џиро Д’Италија зад себе со прва етапна победа на Тур де Франс, победувајќи на четвртата етапа на Тур де Франс во Нанси пред Александер Кристоф и Кејлеб Јуан.
Со оваа победа, поранешниот италијански шампион комплетираше „гренд слем“ на етапни победи на големите трки, откако претходно имаше пет победи на Џирото и три на Вуелта Еспања.
Добивајќи совршена помош од своите колеги Михаел Морков и Марк Рикезе, Вивијани во спринтерски финиш го заддржа Кристоф (УАЕ Тим Емирати) и Јуан (Лото Судал) зад нив, а топ 5 го комплетираа Петер Саган (Бора-Хансгрое) и Дилан Греневеген (Џамбо-Висма).
„Многу значи што успеав да победам на сите три трки. Уште не ми се верува, но тоа беше главната цел оваа сезона. Денеска моите колеги завршија совршена работа и морам да им се заблагодарам“, вели Вивијани.
Колегата на Вивијани, Жулиен Алафилип заврши во главната група за да остане лидер во генерален пласман со 20 секунди пред Белгиецот Вут ван Ерт (Џамбо-Висма) и 25 секунди пред Холанѓанецот Стевен Крајсвајк (Џамбо-Висма).
A slow-motion look at @eliaviviani’s win ?
La victoire d’Elia Viviani en slow-motion ?#TDF2019 pic.twitter.com/8RA5jLko4O— Tour de France™ (@LeTour) July 9, 2019
"It was the big goal… we did the perfect job today!"@eliaviviani relieved to notch a @LeTour stage win after his Giro disappointment pic.twitter.com/eTZzuxcech
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) July 9, 2019