Top Sport

Влахова победи на првиот слалом во сезоната

Петра Влахова од Словачка победи на првата трка во слалом, во новата сезона во Светскиот куп, која се возеше во Леви, Финска.

Влахова, по двете возења, забележа вкупно време од 1:50.11 минути. Второто место, со 18 стотинки послабо време од победничкото, го освои Михаеле Шифрин. За Американката ова беше прва трка по пауза од девет месеци.

На третата позиција се пласира Австријката Катрина Лиенсбергер (1:50.68).

Во Леви не настапија Швеѓанките кои мораа да бидат во задолжителниот карантин.

Утре, на истата патека, скијачките ќе возат уште една трка во слалом.

Scroll to Top