Словачката скијачка Петра Влхова ја победи американската фаворитка Микаела Шифрин на вториот слалом во два дена во финскиот Леви, за одличен старт на новата сезона во алпско скијање.
Влхова беше најбрза по две возења на патеката која се наоѓа на север од Арктичкиот круг, за да ја победи Шифрин за 0.47 секунди, додека трета беше Гемранката Лена Дир, во реприза од подиумот од саботната трка.
Шифрин губеше во првото возење со 0.18 секунди, а потоа во второто направи голема грешка во средината на патеката за да пропушти шанса за победа со која ќе влезеше во историјата. Наместо тоа Влхова доби ирвас за подарок за својата петта победа во Леви.
Шифрин овој викенд се обидуваше да го израмни рекордот на легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк во една дисциплина – откако Стенмарк победи во 46 велеслаломи во 1970-тите и 1980-тите, но сега Шифрин останува на 45 слаломски победи.
Влхова и Шифрин го вратија ривалството во последните години, откако лани Австријката Катарина Линсбергер ги изненади сите со победа на Светското првенство и со титулата од СК во слалом. Линсбергер беше само шеста во саботата, и осма во неделата.
Женскиот Светски куп се сели во Килингтон, САД за велеслалом и слалом следниот викенд.
??⛷️ ???’? ???? ?? ????? – Petra Vlhova produces a flawless display to seal the 22nd victory of her World Cup career!
She’s almost a half-second clear of nearest rival Mikaela Shiffrin in the women’s slalom…#FISAlpine | @fisalpine pic.twitter.com/kiKdErg7zJ
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 21, 2021