Top Sport

Влхова е слаломската „кралица“ на Сљеме

Словачката Петра Влхова стигна до убедлива победа над Американката Микаела Шифрин за да триумфира на слаломот од Светскиот куп на Сљеме, покрај Загреб.

Со стартен број 1 на патеката која беше во лоша состојба поради високите температури, Влхова заврши 0.64 секунди пред Шифрин во првото возење. Лидерката во генерален пласман, 26-годишната Шифрин, која се врати на скијањето по позитивниот тест на КОВИД, не успеа да се врати за да стигне до своја петта победа во Загреб, за да и дозволи на Влхова да стигне до својата 24. победа од Светскиот куп (од кои 16 во слалом). Ова е четврта победа во пет слаломи за словачката скијачка ѕвезда.

Шифрин на крајот заостана 0.5 секунди, додека светската шампионка во слалом, Австријката Катарина Линсбергер, беше трета.

Scroll to Top