Нико Али Волш, внукот на боксерската легенда Мухамед Али, остана непоразен во професионалната боксерска кариера, откако во „Медисон сквер гарден“ во Њујор, каде што неговиот дедо имаше неколку славни мечеви, го победи на поени Били Вагнер.
За Али Волш (7-0) ова беше прв меч во шест рунди, и откако успеа да го раскрвари лицето на противникот на почетокот на мечот, тој ги крена рацете, додека публиката викаше „Али, Али“.
Ова беше негов втор меч во „Медисон сквер гарден“, каде што Мухамед Али боксуваше осум пати, и забележа седум победи и еден пораз, во славниот „Меч на столетието“, првиот дуел со Џо Фрејзер во 1971 година. Али се одмазди за тој пораз во 1974 исто така во „Гарден“, пред да го добие и епскиот трет меч на Филипините.
Fans began chanting “Ali” during Nico Ali Walsh’s fight that he ultimately won via decision 🗣
(via @trboxing)pic.twitter.com/yXGImTJeV9
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 30, 2022