Нико Али Волш, внукот на легендарниот Мухамед Али продолжи со својата боксерска кариера со втора победа, нокаутирајќи го Џејмс Вестли во третата рунда на мечот во Атланта, Џорџија.
21-годишниот Али Волш, кој е син на ќерката на Али, Рашида Али, го имаше своето професионално деби во август со нокаут во првата рунда, и повторно, на радост на гласната публика стигна до брз нокаут.
„Благословен сум што одам во стапките на мојот дедо. Сите кои го сакаа него, сега ме следат мене, но знам дека можам да бидам многу подобар и дека е потребна напорна работа“, изјави Али Волш по нокаутот.
Nico Ali Walsh (Muhammad Ali’s grandson)
2-0 as a pro now pic.twitter.com/bCzZuofMP7
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) October 24, 2021
Nico Ali Walsh drops Westley!! https://t.co/lhRwJhgxXU pic.twitter.com/LLTHawXDxk
— ✯✯✯✯✯ (@FTBVids_YT) October 24, 2021