Британскиот тенисер, Енди Мареј потврди дека ќе учествува на АТП турнирот во Делреј Бич (Флорида)што ќе биде прво натпреварување во новата 2021 година. Мареј на турнир од серија 250, кој ќе се одржува од 4. до 13. јануари, ќе се обиде да се подготви за Австралија Опен чиј почеток е предвиден на 8 февруари.
„Еве еден божикен подарок за вас, Енди Мареј 2021-та ја стартува од Делреј Бич“ пишуваат од АТП.
Andy Murray ?? conoce el día y la hora que jugará su primer partido oficial del 2021 en el ATP 250 de Delray Beach ??
➡️https://t.co/S1J7aMcAUJ pic.twitter.com/LVXhJyW9y3
— CanalTenis.com ? (@canal_tenis) December 25, 2020
Инаку, на овој турнир своето присуство го потврдија и Џон Иснер, Милош Раонич и Рајли Опелка. Последниот го брани трофејот освоен годинава.