Во необичен гест во Австралија, убавите девојки кои го објавуват бројот на рундата во боксерски меч беа заменети со мажи по успехот на лоби-групите во државата Вирџинија.
На дел од феминистите им пречеше што згодните девојки привлекуваат внимание меѓу рундите на бруталниот спорт, така што на дуелот меѓу Џеф Хорн и Мајкл Зефара на стадионот „Бендиго“, наместо трите згодни девојки кои беа задолжени за оваа работа, беа вработени тројца мажи.
Советникот во општината, Џенифер Алден вели дека ова е голем чекор напред.
„Да се почитуваат жените е клуч на избегнување на другите форми на насилство кон жените и децата“, изјави Алден, која ја предводеше кампањата.
Покрај тоа, терминот „девојки во рингот“ ќе биде заменет со „менаџери на развојот на мечот“, изјави промотерот на мечот, Дин Лонегран, кој призна дека помалку разочаран од развојот на настаните.
„Разочаран сум, но реагирам. Ќе ги замениме трите девојки кои беа вработени, но ќе им платиме“, потврди Лонегран.
Неодамна, Ф1 исто така ги замени девојките на стартот на трките, додека на големите велосипедски трки, како Тур де Франс, исто така ги нема девојките кои се фотографираат со победниците.
Ring Girls have been axed from tonight’s #HornZerafa and replaced with Fight Progress Managers. First up @abcgrandstand commentator @CorbinMiddlemas and he did a sensational job. Full fight preview tonight @7NewsBrisbane pic.twitter.com/n65MG3P2Z7
— Chris Garry (@ChrisGarry7) August 31, 2019