Канадската пливачка Мери-Софи Харви (22) излезе со шокантни тврдења во јавноста. Таа на „Инстаграм“, објави дека приказната за нешто што и се случило на Светското првенство во Будимпешта минатиот месец. Харви тврди дека била дрогирана.
Откако го освои бронзениот медал со Канада на 4х200 метри градно, Харви напиша дека мисли дека била дрогирана затоа што не се сеќава што се и се случувало цели шест часа.
Се разбудила во хотелот целосно изгубена. На телото имала бројни повреди, не можејќи да се сети што и се случувало по финалната трка.
„Долго се двоумев дали да го објавам ова, но во минатото бев премногу тивка“, напиша Канаѓанката и продолжи:
„На последниот ден од Светското првенство бев дрогирана. Не бев свесена за тоа и единственото нешто на што се сеќавам е дека следното утро се разбудив целосно изгубена. До мене беа менаџерот на тимот и докторот. Се сеќавам на прославата и но не и на она што се случуваше потоа. Во тие четири до шест часа на ништо не се сеќавам. Единствено што можам да кажам е дека никогаш не сум чувствувала толку срам. Кога дојдов дома, мајка ми рече дека изгледам поинаку и јас така се чувствував“.
„Не го почувствував своето тело. Тогаш открив бројни повреди на телото. Моите пријатели ми рекоа дека ме носеле бидејќи сум била без свест, а можеби тоа е објаснувањето од каде дошле модринките“.
„На крајот се испостави дека имав истегнување на реброто и благ потрес на мозокот. Тоа ми помогна да излечам некои од моите стравови, но не сите. Има многу вакви случаи за кои не се зборува. Внимавајте да не дозволите ова да ви се случи. Сепак чувствувам страв затоа што не знам што се случи таа ноќ. Се обидувам да ја најдам таа „среќна Мери“ која живееше пред таа ноќ. Се срамам од се што се случи и секогаш ќе биде така“, напиша канадската пливачка.