Top Sport

Во Дубаи порачуваат: Знаеме дека цел свет е против него, но кај нас е добредојден

Директорот на Дубаи шампионатот, Салах Талак вели дека сите на турнирот се подготвени да му посакаат добредојде на Новак Ѓоковиќ, уверувајќи дека не се загрижени за тоа дали светскиот број 1 е вакциниран или не по „фијаското“ во Австралија, која двапати му ја поништи визата во драматични 12 дена во Мелбурн.

Иако останува неизвесно каде Србинот ќе може да игра во текот на сезоната, во Обединетите Арапски Емирати тој може да влезе без проблем и да оди на шеста титула во Дубаи.

„Ние секогаш сме позитивни, бидејќи Дубаи е градот на позитивата. Неговото височество шеикот Мохамед секогаш е позитивен без разлика на тоа што се случува и гледа кон иднината. За нас е фантастично што Ѓоковиќ ќе се врати. Знам дека цел свет е против него, но тој е број 1 на светот и поранешен шампион во Дубаи. Не сме загрижени за неговиот статус на вакцинација бидејќи се следат сите протоколи. Додека тој направи ПЦР тест и тој биде негативен, тогаш нема зошто да не му посакаме добредојде“, вели Талак.

Scroll to Top