Џошуа Чептегеи од Уганда и Летесенбет Гидеј од Етиопија поставија нови светски рекорди во своите дисциплини на митингот во Валенсија.
Чептегеи постави светски рекорд на 10.000 метри. Новото најдобро време изнесува 26:11.02 минути. Атлетичарот од Уганда за повеќе од шест секунди го подобри претходниот рекорд на Кенениса Бекеле од 2005 година.
Пред два месеци Чептегеи му го „одзеде“ на Бекеле и светскиот рекорд на 5.000 метри.
Лудата ноќ во Валенсија ја надополни 22 годишната Гидеј која го урна светскиот рекорд на 5.000 метри.
Таа постави време 14:06.62 минути. Новиот светски рекорд е за повеќе од четири секунди подобар од стариот која го постави во 2008 година во Осло нејзината сонародничка Тирунеш Дибаба.