Хабиб Нурмагомедов, рускиот ММА борец, открил дека повторно би можел да се бори во септември.
Нурмагомедов е актуелен шампион во лесна категорија. Тој на својот „Истаграм“ профил открил дека редовно тренира за да биде подготвен кога ќе се врати во октагонот.
„До септември нема борби, тоа и не е толку далеку, иако не делува дека се ова ќе заврши дотогаш. Како што реше една мудра личност: ‘Во време на мир се подготвуваме за војна’. Како вие ги минувате деновите?“, напишал Нурмагомедов.
Прашање е дали толку очекуваната борба помеѓу Нурмагомедов и Тони Фергусон ќе се случи во септември.