Top Sport

Волонтерка во Токио му позајми пари за такси, тој освои злато на 110 метри со пречки

Неверојатна приказна доаѓа по неодамна завршените Олимписки игри во Токио.

Јамајканецот Хенсл Парчмант освои злато на трката на 110 метри со пречки и го изненади фаворитот Грент Холовеј. Но малку недостасувало тој воопшто да не успее да стигне пред почетокот на трката.

На денот на финалето, 31-годишниот атлетичар влегол во погрешен автобус, па наместо на атлетскиот стадион, завршил во пливачкиот центар.

Побарал помош, ама официјалните лица му рекле дека единствена опција е да се врати во олимпиското село и оттаму да седне во вистинскиот автобус. Таквата опција на атлетичарот немала да му остави доволно време за подготовка пред трката. Стигнала ненадејна помош.


25-годишната волонтерка во Токио, извесна Тијана Стојковиќ му дала на Јамајканецот пари за такси за да отиде директно на стадионот. Благодарение на тоа, тој стигнал на време, се подготви и го освоил златото на трката.

Потоа, ја пронашол Тијана и и се заблагодарил за помошта.

Два дена по трката Парчмант на Твитер објавил видео од средбата со волонтерката, кое го споделил и премиерот на Јамајка.

Владата на Јамајка ја повика Тијана Стојковиќ да биде гостин во нивната земја. Непознато е дали ја прифатила понудата, но таа на Инстаграм објави фотографија со маицата која и ја подари атлетичарот.

Scroll to Top