Top Sport

Ворли најбрза во Зелден

Теса Ворли од Франција, ја отвори со победа новата сезона во Светскиот куп, во алпско скијање. Французинката победи во велеслаломската трка во Зелден, Австрија. Ворли, минатата сезона победи во вкупниот поредок во оваа дисциплина.

Ворли по двете возења забележа вкупно време 2:00.51 минути, ја забележа 13.победа во кариерата во велеслалом и на вечната листа дојде до седмата позиција.

foto: epa

Второто место и припадна на Италијанката Федерика Брињоне (2:00.86), а подиумот го комплетираше Американката Микаела Шифрин (2:01.45).

Утре во Зелден, во истата оваа дисциплина, сезоната ќе ја започнат најдобрите светски скијачи.

Scroll to Top