Top Sport

Варан: Зидан вреска во соблекувалната, но не често

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан е на насловната страница на шпанската верзија на магазинот „Џи кју“, во кое дава детали за менаџерскиот стил на неговиот француски сонародник Зинедин Зидан.

„Кога Зидан зборува, сите слушаат, и сите сакаат да научат од него, бидејќи тој беше победник како играч и сега како тренер. Тој ме охрабрува да ризикувам повеќе. Дали кога ќе загубиме вреска? Да, понекогаш, но само кога е потребно. Но, во основа неговиот карактер и начин на однесување е смирен и силен“, вели Варан.

Французинот признава дека кога пристигнал во Реал Мадрид во 2011 му било многу тешко.

„Кога дојдов првпат, мојата цел беше да станам подобар играч и мислам дека успеав во тоа. Не си поставував граници, а предизвикот секогаш ме мотивира. Но, кога дојдов беше многу тешко. Не зборував ниту збор шпански, а и англискиот ми беше слаб. Атмосферата во Реал е многу добра и играчите секогаш си помагаат“, вели Варан.

Scroll to Top