Тенисерка од Данска, Каролин Вознијацки рано утринава се избори за влез меѓу осумте најдобри на ВТА турнирот во Пекинг. Таа со 2-0 беше подобра од Катерина Сињакова од Чешка, по сетови 7:5 и 6:4.
Следен противник на Вознијацки ќе биде Дарија Касаткина која славеше со 2-0 во дуелот против Александрова од Русија.
На турнирот во Пекинг веќе се познати и првите две двојки во четвртфиналната фаза. Во нив ќе се судрат Ешли Барти противПетра Квитова, односно Елина Свитолина против Кики Бертенс.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 7,4 милиони долари.