Top Sport

Вознијацки: Мислиш дека си на плажа со маргарита, па стануваш и удираш топче

Каролине Вознијацки го почна САД опен со совршена победа од 6:3/6:2 над поранешната шампионка, Австралијката Саманта Стосур на жештината на „Артур Еш“ стадионот во Њујорк.

Данката, како втора носителка, сега теоретски треба да е првата фаворитка по елиминацијата на Симона Халеп во понеделникот.

„Многу беше тешко, бидејќи температурите се навистина високи. Се обидов да се ладам меѓу поените со мраз. Искрено, помислувам дека сум на плажа, дека пијам маргарита и дека животот е добар. А потоа, станувам и играм тенис“, вели Вознијацки, која двапати загуби во финалето на САД опен.

Следна за неа е Украинката Лесија Цуренко, коај со 6:3/6:2 ја победи Белгијката Алисон ван Ујтванк.

Петтата носителка, Петра Квитова, исто така покажа дека е во добра форма, откако со 6:1/6:4 ја совлада Белгијката Јанина Викмаер, додека поранешната шампионка од Ролан Гарос, Јелена Остапенко се намачи со Германката Андреа Петкович пред да стигне до 6:4/4:6/7:5 победа.

Кај мажите, поранешниот шампион, Хрватот Марин Чилиќ е во второто коло откако романскиот противник Мариус Копил се откажа при 7:5/6:1/1:1 поради повреда.

Scroll to Top